OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 238

236 – ПОГЛАВЈЕ VI: ПОСЕБНИ АСПЕКТИ ЗА НЕМАТЕРИЈАЛНИОТ ИМОТ В.2 Идентификување на аранжманите под кои се врши трансфер на нематеријален имот 6.16 Условите за пренос на нематеријален имот можат да бидат непосредна односно директна продажба на нематеријалниот имот или, повообичаено, надомест за користење на авторско дело во согласност со договорот за лиценца за правата во однос на нематеријалниот имот. Авторски надомест најчесто е плаќање кое се повторува на редовна основа и се темели врз конечниот производ, продажбата или, во некои ретки околности, врз добивката на корисникот. Кога авторскиот надомест се темели врз производот на корисникот или врз продажбата што тој ја реализира, стапката на тој надомест може да варира зависно од прометот што го остварува корисникот на лиценцата. Постојат примери каде што променетите факти и околности (на пример, нови дизајни, интензивирано рекламирање на заштитената трговска марка од страна на сопственикот) можат да доведат до ревидирање на условите поврзани со надоместот. 6.17 Надоместот за користење на нематеријален имот може да се вклучи во цената што се наплатува за продажба на стоките кога, на пример, едно претпријатие продава незавршени производи до друго претпријатие и истовремено на второто претпријатие му го става на располагање своето искуство за тоа да може натаму да ги обработува производите. Од околностите на секоја зделка одделно ќе зависи претпоставката дека трансферната цена за стоките вклучува и надомест за лиценца и дека, следствено на тоа, секое дополнително плаќање за авторските надоместоци најчесто нема да се признае во земјата на купувачот. Се чини дека не постои општо начело што може да се применува во сите случаи, освен она дека не треба да постои двојно одбивање (признавање на трошоците) за користењето технологија. Трансферната цена може да биде и пакет цена односно цена за стоки и за нематеријален имот, во кој случај, зависно од фактите и од околностите, купувачот можеби нема да мора дополнително да плаќа врз основа на авторски надоместоци за обезбедената техничка експертиза. Можно е вакви F BԃFF B