OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 234

232 – ПОГЛАВЈЕ VI: ПОСЕБНИ АСПЕКТИ ЗА НЕМАТЕРИЈАЛНИОТ ИМОТ за истражување и развој не создаваат вреден трговски нематеријален имот, а маркетиншките активности не резултираат секогаш со создавање маркетиншки нематеријален имот. Може да биде тешко да се оцени степенот до кој конкретен трошок резултирал со создавање деловен имот и да се пресмета економскиот ефект од тој имот за конкретна година. 6.7 На пример, маркетиншките активности можат да се состојат од широк спектар деловни активности, како на пример, истражувања на пазарот, дизајнирање или планирање производи соодветни за потребите на пазарот, стратегии за продажба, односи со јавноста, продажба, опслужување и контрола врз квалитетот. Можеби дел од овие активности нема да имаат некој ефект подолго од годината во која се извршени, па затоа е соодветно истите да се третираат како тековни трошоци одошто како капитални трошоци. Други активности може да имаат, како краткорочен, така и долгорочен ефект. Третманот на овие активности најчесто е битен во функционалната анализа што се спроведува за да се утврди споредливоста за потребите на примената на трансферните цени. Во некои случаи, трошоците за активностите во делот на маркетингот и трошоците за истражување и развој во однос на трговските активности, може да се настојува да се надоместат низ наплатување за поврзаните производи и услуги, додека во други случаи, можно е претходно да се создал нематеријален имот за кој посебно се наплатува надомест за користење на авторски право - а можна е и комбинација од двете. Б.2 Примери: патенти и заштитени трговски марки 6.8 Разликите меѓу трговскиот и маркетиншкиот нематеријален имот можат да се согледаат низ споредба меѓу патентите и заштитените трговски марки. Патентите се поврзани со создавање стоки (што можат да се продаваат или да се користат во поврзаност со обезбедувањето услуги), додека заштитените трговски марки се користат при промовирањето на продажбата на стоки или на услуги. Патентот му дава ексклузивно право на неговиот сопственик да користи даден пронајдок во одреден ограничен временски период. Заштитената трговска марка може да има временски неограничена важност; нејзината заштита исчезнува само во посебни околности (доброволно откажување, ненавремено обновување, откажување или поништување врз основа на судско решение итн.). Заштитената трговска марка е уникатен назив, симбол или слика што сопственикот или корисникот на лиценца може да ги користи за да идентификува посебни производи или услуги на конкретен производител или дилер и, како последица, да ја забрани нивната примена од други страни за слични намени во рамките на заштитата што се овозможува со домашното и со меѓународното законодавство. Заштитените трговски ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ