OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 232

230 – ПОГЛАВЈЕ VI: ПОСЕБНИ АСПЕКТИ ЗА НЕМАТЕРИЈАЛНИОТ ИМОТ се концентрира врз деловни права, односно нематеријален имот поврзан со комерцијални активности, вклучувајќи ги и активностите во областа на маркетингот. Овој нематеријален имот вклучува средства кои можат да поседуваат значителна вредност дури и ако можеби немаат книговодствена вредност во билансот на состојба на претпријатието. Можно е со ваков имот да е поврзан и значителен ризик (на пример, одговорност за штета врз основа на договор или издаден производ и обесштетувања во случај на загрозување на животната средина). Б. Комерцијален нематеријален имот Б.1 Општо 6.3 Во комерцијален нематеријален имот спаѓаат патенти, стручни знаења (know-how), дизајни и модели што се користат за производство на одредено добро или за обезбедување одредена услуга, како и нематеријалните права кои самите по себеси претставуваат деловни средства што се пренесуваат до купувачи или се користат при водењето на бизнисот (на пример, компјутерски софтвер). Маркетиншкиот нематеријален имот е посебен вид комерцијален нематеријален имот со нешто поинаква природа, како што станува збор во натамошниот текст. Комерцијалниот нематеријален имот, со исклучок на маркетиншки нематеријален имот, се нарекува и трговски нематеријален имот. Трговскиот нематеријален имот често се создава низ ризични и скапи активности на истражување и развој (R&D), а неговиот создавач обично настојува да го врати трошокот што го направил при вакви активности и да оствари одреден принос низ продажба на производи, договори за услуги или низ договори за лиценци. Создавачот може да го врши истражувањето: од сопствено име, на пример, со намера да оствари правна и економска сопственост врз секаков вид трговски нематеријален имот што ќе се создаде; од името на една или на повеќе членки во групата врз основа на организирање договорно истражување каде што корисникот односно корисниците имаат правна и економска сопственост врз нематеријалниот имот; или од свое име и од име на една или на повеќе членки на групата, според договор со кој вклучените членки вршат заедничка активност и по