OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 229

ПОГЛАВЈЕ V: ДОКУМЕНТИРАЊЕ – 227 што инаку не би се изготвиле или на кои не би се реферирало во отсуство на барањата поврзани со даночното законодавство. Барањата во однос на документацијата не треба да наметнуваат трошоци и товар врз даночните обврзници кои ќе бидат несразмерни со околностите. Сепак, даночните обврзници треба да го прифатат фактот дека добрите практики на водење евиденција и доброволното поднесување документација ги олеснуваат контролите и решавањето отворени прашања во делот на трансферните цени. 5.29 Даночните администрации и даночните обврзници треба да настојуваат да постигнат поголем степен на соработка во однос на документирањето, со цел да се избегнат прекумерни барања во однос на документацијата со истовремено обезбедување на соодветни информации за веродостојна примена на принципот „дофат на рака“. Даночните обврзници треба да излезат во пресрет на потребите на даночните администрации со релевантните информации што ги поседуваат, додека даночните администрации треба да го прифатат фактот дека можат да ја искористат поволноста од одредбите од членовите во врска со размената на информации во одредени случаи, така што да има помали барања спрема даночниот обврзник при спроведување на контролата. Комитетот за фискални прашања ќе настојува да продолжи со проучување на прашањата поврзани со документацијата за да изготви дополнителни насоки што ќе можат да им помогнат на даночните обврзници и на даночните администрации во овој домен. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ