OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 227

ПОГЛАВЈЕ V: ДОКУМЕНТИРАЊЕ – 225 да настане во случај, на пример, кога продавачот испорачува производи по одредена пониска цена бидејќи купувачот му дава бесплатни услуги на продавачот; кога се утврдува повисок надомест од авторски права како компензација за намерно пониската цена на стоки; и кога се склучува договор за заемно користење на авторски права без утврден надомест а во врска со користењето индустриска сопственост или технички стручни знаења. 5.21 Во други посебни околности спаѓаат стратегијата на управување или видот на деловните активности. Пример претставуваат околностите во кои даночниот обврзник врши дејност со цел да се пробие на некој нов пазар, да го зголеми своето учество на постојниот пазар, да пласира нови производи на одреден пазар или да се заштити од растечката конкуренција. 5.22 Општите комерцијални и индустриски услови B