OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 226

224 – ПОГЛАВЈЕ V: ДОКУМЕНТИРАЊЕ а) преглед на деловното работење; б) структура на организацијата; в) сопственичката поврзаност внатре во групата на мултинационалното претпријатие; г) износот на остварените резултати од продажбата и од работењето во последните неколку години пред трансакцијата; д) нивото на трансакциите што даночниот обврзник ги врши со странските поврзани друштва, како на пример, обемот на извршена продажба на стоки од резерви, обезбедувањето услуги, издавањето материјален имот под закуп, користењето и преносот на нематеријален имот, како и каматата од заеми. 5.19 Полезни можат да бидат и информациите во врска со цените, вклучу­ ајќи и деловни стратегии и посебни конкретни околности. Овде в можат да спаѓаат фактори што влијаеле врз утврдувањето цени или врз воспоставувањето на ценовни политики на ниво на даночниот обврзник како и за целата ГМНП. На пример, овие политики може да содржат додавање на одредена маржа кон трошоците за производство, одбивање на соодветни трошоци од продажните цени за крајните корисници на пазарот, каде што странските поврзани претпријатија се бават со дејности во трговијата на големо, или применување на политики на интегрално утврдување цени или на учество во трошоците врз база на групата како целина. Информациите во врска со факторите што водат кон изготвување на која било од овие политики можат да му помогнат на МНП да ја увери даночната администрација дека неговите политики во делот на трансферните цени се во согласност со трансакциските услови на слободниот пазар. Исто така, може да биде полезно даночниот обврзник да има објаснување за изборот на методот врз основа на кој се утврдени трансферните цени, неговата примена и доследноста со принципот „дофат на рака“. Во оваа смисла треба да се напомене дека информациите што се најполезни за утврдување на цените во согласност со принципот „дофат на рака“ можат да варираат зависно од методот кој се применува. 5.20 Во посебните околности би спаѓале детали во врска со сите трансакции со кои се прави пребивање а кои имаат ефект при утврдувањето на цената во согласност со принципот „дофат на рака“. Во таков случај, документацијата е полезна бидејќи помага да се опишат релевантните факти, квалитативната врска меѓу трансакциите, како и квантифицирањето на пребивањето. Ажурираната документација помага да се сведе на минимум примената на ретроактивно согледување. Како што стана збор во Поглавје III, една трансакција со ефект на пребивање може ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ