OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 224

222 – ПОГЛАВЈЕ V: ДОКУМЕНТИРАЊЕ други доверливи податоци. Затоа, даночните администрации треба да постапуваат со дискреција при барањето ваков вид информации и тоа треба да го прават само доколку овозможат информациите да останат доверливи во однос на надворешни страни, освен до оној степен до кој таквото откривање биде наложено во јавни судски постапки или при судски пресуди. Треба да се вложат сите напори да се одржи доверливоста до степен до кој тоа е можно при такви судски постапки и пресуди. 5.14 Даночните обврзници треба да го земат предвид фактот дека, без оглед на ограничувањата во врска со барањата за документација, даночната администрација ќе мора да утврди дали трансферните цени се во согласност со принципот „дофат на рака“, дури и ако достапните информации се нецелосни. Поради ова, даночниот обврзник треба да има предвид дека соодветните практики на водењето евиденција и доброволното поднесување на документација може да ја подобри убедливоста и основаноста на неговиот пристап кон утврдувањето трансферни цени. Ова би било од важност без оглед на тоа дали конкретниот предмет е релативно едноставен или пак комплексен, но сепак, колку покомплексен и поневообичаен е еден предмет, толку поголемо значење се припишува на соодветната документација. 5.15 Даночните администрации треба да го ограничат обемот на инфор­мации кои се бараат во фазата на поднесување даночна пријава. Во таа фаза, ниту една конкретна трансакција претходно не е идентификувана за разгледување од аспект на трансферните цени. Би претставувало голем товар доколку во оваа фаза бидат побарани детални информации во врска со сите прекугранични трансакции меѓу поврзаните претпријатија и во врска со сите претпријатија кои се ангажираат во ваков вид трансакции. Од тие причини, нереално е од даночниот обврзник да се бара заедно со даночната пријава да достави документација со која конкретно се демонстрира соодветноста на сите прикажани трансферни цени. Како резултат на тоа би можело да дојде до попречување на меѓународната трговија и на странските инвестициите. Барањето за приложување на документација во фаза на поднесување на даночната пријава треба да се ограничи на информации што ќе бидат доволни за да може даночната администрација приближно да определи за к B