OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 222

220 – ПОГЛАВЈЕ V: ДОКУМЕНТИРАЊЕ за кои станува збор. Даночните администрации, исто така, треба да го земат предвид фактот дека за да ги набават потребните информации можат да ја искористат поволноста предвидена со членовите за размена на информации содржани во билатералните спогодби за избегнување на двојното оданочување, кога може да се очекува дека истите ќе бидат навреме и ефикасно изготвени. 5.7 Иако дел од документите за утврдување на трансферните цени во согласност со принципот „дофат на рака“ за потребите на оданочување, не се изготвуваат или набавуваат за други потреби освен за даночни цели, од даночниот обврзник сепак треба да се очекува претходно да изготви или обезбеди вакви документи, само доколку истите се незаменливи за разумно оценување дали трансферните цени се во согласност со принципот „дофат на рака“ и доколку даночниот обврзник истите може да ги набави или да ги изготви без притоа да направи несразмерно високи трошоци. Од даночниот обврзник не треба да се очекува да изготви или набави документите во обем поголем од минималниот обем неопходен за реално да се оцени дали тој постапувал во согласност со принципот „дофат