OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 220

218 – ПОГЛАВЈЕ V: ДОКУМЕНТИРАЊЕ да обезбеди соодветна документација, во некои јурисдикции може да се случи префрлање на товарот на докажување преку користење на претпоставка во полза на приспособувањето што го предлага даночната администрација и која што може да се побие од страна на даночниот обврзник. Всушност, даночната администрација и даночниот обврзник треба да настојуваат да докажат во добра волја дека нивните определувања на трансферните цени се во согласност со принципот „дофат на рака“, без оглед на тоа кај кого се наоѓа товарот на докажување. При спроведувањето на контролите, постапувањето на даночната администрација не треба да биде под влијание на сознанието дека даночниот обврзник е тој што го носи товарот на докажување, онаму каде што тоа е предвидено. Даночните администрации и даночните обврзници не треба да го користат товарот на докажување како оправдување за изнесување неосновани тврдења или тврдења во врска со трансферните цени кои не можат да бидат верификувани. Б. Насоки за правилата и процедурите поврзани со документирањето 5.3 Секој даночен обврзник треба да настојува трансферните цени за потребите на оданочување да бидат утврдени во согласност со принципот „дофат на рака“, врз основа на реално достапните информации во моментот на нивното утврдување. Пред да ги примени трансферните цени, даночниот обврзник треба да определи дали трансферните цени се прифатливи за даночни цели. На пример, би било разумно даночниот обврзник во оваа смисла да определи дали постојат достапни споредливи податоци од неконтролирани трансакции. Дополнително, од даночниот обврзник би се очекувало врз основа на разумно достапните информации, да испита дали дошло до промена на условите што се користеле за утврдување на трансферните цени во претходните години, доколку тие услови ќе се користат за определување на трансферните цени за тековната година. 5.4 Процесот со кој даночниот обврзник определува дали трансферните цени се соодветни за даночни цели, треба да се определи во согласност со истите принципи на внимателно деловно управување што го регулираат процесот на оценување на одредена деловна одлука со слично ниво на комплексност и на значење. Примената на овие принципи налага даночниот обврзник да изготви или да користи пишани материјали што ќе претставуваат документирање на активностите преземени за почитување на принципот „дофат на рака“, вклучувајќи ги и информациите врз кои се темели утврдувањето на трансферните цени, факторите што се ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ