OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 22

20 – ПРЕДГОВОР 7. Земјите-членки на ОЕЦД се имаат одлучено за овие принципи на меѓународно оданочување бидејќи истите овозможуваат остварување на двојна цел, определување на соодветен износ на даночна основа во секоја јурисдикција и избегнување на двојно оданочување, со што се минимизираат конфликтите меѓу даночните администрации и се унапредува меѓународната трговија и инвестиции. Во рамките на глобалната економија, овие цели подобро ќе се остварат доколку меѓу земјите постои координираност одошто даночна конкуренција. ОЕЦД, со својата мисија да придонесува кон експанзија на светската трговија врз една мултилатерална, недискриминирачка основа и кон постигнување на највисокото можно ниво на одржлив економски раст во земјите-членки, континуирано дејствува во насока на градење консензус околу принципите на меѓународното оданочување како би се избегнале еднострани одговори на мултилатерални проблеми. 8. Претходно наведените принципи во врска со оданочувањето на МНП се инкорпорирани во Модел-конвенцијата на ОЕЦД за оданочување приходи и капитал (Модел-конвенција за оданочув