OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 219

ПОГЛАВЈЕ V: ДОКУМЕНТИРАЊЕ – 217 Поглавје V Документирање А. Вовед 5.1 Во ова поглавје се содржани општи насоки што даночните админис­ рации треба да ги имаат предвид при изготвувањето правила т и/или процедури за документацијата што треба да се добие од даночните обврзници во врска со контролата на трансферни цени. Содржани се и насоки што треба да им помогнат на даночните обврзници да определат која документација ќе биде најсоодветна за да докажат дека нивните контролирани трансакции се во согласност со принципот „дофат на рака“, а со тоа и да можат подобро да ги решаваат отворените прашања во делот на трансферните цени и да ги олеснат даночните контроли. 5.2 Врз обврските поврзани со документацијата можат да влијаат прописите што во релевантната јурисдикција го регулираат товарот на докажување. Во најголем број на јурисдикции, даночните администрации го имаат товарот на докажување. Во оваа ситуација, даночниот обврзник не мора да ја докажува коректноста на трансферни цени, освен доколку даночната администрација не докаже prima facie дека цените не се во согласност со принципот „дофат на рака“. Дискусијата од ова поглавје во врска со документацијата нема цел да наметне поголем товар врз даночните обврзници од она што од нив се бара во согласност со прописите од домашното законодавство. Меѓутоа, треба да се има предвид дека дури и кога товарот на докажување го носи даночната администрација, таа може да го обврзе даночниот обврзник да достави документација во врска со неговите трансферни цени бидејќи, без соодветни информации, даночната администрација не би можела соодветно да го контролира конкретниот предмет. Всушност, во оние случаи каде што даночниот обврзник нема ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ