OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 214

212 – ПОГЛАВЈЕ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ПРИСТАПИ Ѓ.5 Препораки Ѓ.5.1 Општо 4.159 Бидејќи овие Насоки во својата првична верзија беа објавени во 1995 година, поголем број земји-членки на ОЕЦД се стекнаа со искуство во примената на ПЦС. Се чини дека земјите кои се стекнаа со вакво искуство засега се задоволни, па така може да се очекува дека, со соодветни околности, и натаму ќе се прошират искуствата со примената на ПЦС. Покрај потребата од постоење флексибилност и отвореност со кои сите страни треба да му приоѓаат на овој процес, успехот на ПЦС ќе зависи од тоа колку се внимава кога се утврдува специфичноста на спогодбата која се заснова на основни претпоставки, од соодветната примена на ПЦС и од тоа дали постојат соодветни заштитни мерки за да се избегнат претходно спомнатите скриени опасности. 4.160 Остануваат неколку отворени прашања во однос на формата и на делокругот на ПЦС кои налагаат потреба од поголемо искуство за целосно решавање и договарање меѓу земјите-членки, како на пример, прашањето на унилатералните ПЦС. Комитетот за фискални прашања планира внимателно да ја следи секоја проширена примена на ПЦС и да промовира поголема доследност во практиката кај земјите кои ќе се одлучат за примена на овие спогодби. Ѓ.5.2 Делокруг на спогодбите 4.161 Кога го анализираат делокругот на една ПЦС, даночните обврзници и даночните администрации треба многу да внимаваат на веродостојноста на сите предвидувања со цел да се исклучат неверодостојните предвидувања. Мора да се постапува многу внимателно доколку со спогодбата се надминува определената методологијата, примената и нејзините главни претпоставки. Да се погледне параграф 4.123 до 4.128. Ѓ.5.3 Унилатерални наспроти билатерални (мултилатерални) спогодби 4.162 Секогаш кога можно, ПЦС треба да се склучува врз билатерална или врз мултилатерална основа меѓу надлежните органи, низ постапка на заемно договарање од релевантната спогодба. Кај билатералната ПЦС, помал е ризикот даночните обврзници да се чувствуваат принудени да склучат ПЦС или да прифатат спогодба која не е во согласност со ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ