OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 213

ПОГЛАВЈЕ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ПРИСТАПИ – 211 го иззема даночниот обврзник од контрола на неговите активности во делот на трансферните цени. Можно е даночниот обврзник и натаму да мора да докаже дека ги почитува општите и конкретните услови од ПЦС, понатаму суштинските тврдења во ПЦС и натаму остануваат валидни, поткрепувачките податоци што се користеле при примена на методологијата биле точни, основните претпоставки на ПЦС и натаму се валидни и заедно со методологијата доследно се спроведуваат. Затоа, даночните администрации треба да настојуваат постапките на ПЦС да не бидат непотребно комплексни и да не наметнуваат поголеми барања врз даночните обврзници од барањата што строго се определени со делокругот на ПЦС. 4.156 Проблеми може да настанат и доколку даночните администрации во својата практика на вршење контроли, погрешно ги користат информациите добиени од ПЦС. Доколку даночниот обврзник се повлече од своето барање за ПЦС или доколку тоа барањето биде одбиено по разгледување на сите факти, сите неточни информации добиени од даночниот обврзник во врска со барањето за ПЦС, како понуди за порамнување, образложенија, мислења и процени, не можат да се третираат како релевантни во ниту еден поглед при контролата. Дополнително, фактот што на даночниот обврзник претходно му било одбиено барање за ПЦС, не треба да биде земено предвид од страна на даночната администрација при донесување одлука дали да започне контрола врз даночниот обврзник. 4.157 Даночните администрации треба да ја гарантираат и довер­ ливоста на деловните тајни и на другите чувствителни информации и документи што се поднесуваат до нив во текот на постапката за ПЦС. Притоа треба да се применуваат прописите од домашното законодавство со кои се забранува објавувањето вакви информации. Кај билатерална ПЦС, важат барањата за доверливост за договорните страни во договорот, со што се спречува објавувањето доверливи податоци. 4.158 ПЦС не може да ги користат сите даночни обврзници, особено малите даночни обврзници, бидејќи постапката може да биде скапа и долготрајна. Ова особено важи доколку се вклучени и независни експерти. Затоа, вообичаено ПЦС можат да помогнат само за решавање на големи предмети поврзани со трансферни цени. Покрај ова, импликации на еден процес на ПЦС врз ресурсите може да го ограничи бројот на барања по кои може да постапува една даночна администрација. При оценувањето на ПЦС, даночната администрација може да ги у