OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 209

ПОГЛАВЈЕ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ПРИСТАПИ – 207 кое би се потрошило во конвенционална контрола, иако сумарно гледано, можно е да нема нето временска заштеда, на пример, во оние јурисдикции кои немаат постапки за надворешна контрола и каде што постоењето спогодба можеби нема директно влијание врз големината на ресурсите што се ангажираат при активности поврзани со усогласување со законските барања. 4.145 Билатералните и мултилатералните ПЦС значително ја намалуваат или ја елиминираат можноста од меѓународно или од економско двојно оданочување или неоданочување бидејќи во нив учествуваат сите релевантни земји. Наспроти ова, унилатералните ПЦС не нудат сигурност во смисла на намалување на двојното оданочување, бидејќи даночните администрации засегнати од трансакциите опфатени со ПЦС можеби ќе сметаат дека усвоената методологија не дава резултат кој е конзистентен со принципот „дофат на рака“. Освен ова, билатералните и мултилатералните ПЦС можат да ја интензивираат постапката за заемно договарање преку значително намалување на времето потребно за постигнување согласност, бидејќи надлежните органи имаат работа со тековни податоци за разлика од податоците од претходните години чие обезбедување може да биде тешко и да бара повеќе време. 4.146 Аспектите на обелоденување и информирање при постигнување на ПЦС, како и ставот за соработка кој постои при преговорите за ПЦС, можат да им помогнат на даночните администрации да се стекнат со поголеми знаења за комплексните меѓународни трансакции што ги вршат мултинационалните друштва. Процесот на постигнување на ПЦС може да ги подобри сознанијата и разбирањето за високо-техничките и фактичките околности во областите како што е глобална трговија и поврзаните даночни аспекти. Развојот на специјализирани вештини и квалификации што се фокусираат врз конкретни гранки или врз конкретни видови трансакции на даночните администрации ќе им овозможи подобро да ги опслужат другите даночни обврзници во слични околности. Преку програмата за склучување на ПЦС, даночните администрации имаат пристап до полезни податоци за различните индустрии и анализи на методологиите за утврдување цени во опкружување засновано на соработка. Ѓ.4 Недостатоци поврзани со претходни ценовни спогодби 4.147 Унилатералните ПЦС можат да создадат значителни проблеми, подеднакво за даночните администрации и за даночните обврзници. Од гледна точка на другите даночни администрации, настануваат проблеми поради можноста тие да не се согласат со заклучоците од ПЦС. Од гледна точка на вклучените поврзани претпријатија, еден од проблемите е и ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ