OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 207

ПОГЛАВЈЕ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ПРИСТАПИ – 205 предмет. Во одреден број случаи, ПЦС произлегуваат од случаите каде што примената на трансферни цени врз одредена категорија даночни обврзници предизвикува сомневања и потешкотии. Став 3 од член 25, исто така, укажува дека надлежните органи можат да организираат заеднички консултации со цел да се елиминира двојното оданочување во случаите кои не се предвидени со Конвенцијата. Во рамките на оваа одредба треба да спаѓаат и билатералните ПЦС, бидејќи една од нивните цели е избегнувањето двојно оданочување. Иако Конвенцијата предвидува основа за приспособување на трансферните цени, истата не прецизира конкретни методологии или постапки, освен оние кои се во согласност со принципот „дофат на рака“, како што е предвидено во член 9. Значи, може да се смета дека ПЦС се пропишани според став 3 од член 25 бидејќи Конвенцијата не предвидува друга основа за конкретните предмети со трансферни цели кои подлежат на спогодба. Примената на ПЦС може да се олесни и со одредбата во врска со размената на информации од член 26, бидејќи таа предвидува основа за соработка меѓу надлежните органи во форма на размени на информации. 4.140 При склучувањето на ПЦС, даночните администрации допол­ нително можат да се потпрат и врз општото овластување од домашното законодавство за спроведување на закони од областа на оданочувањето. Во некои земји, даночните администрации можат да бидат овластени да издаваат конкретни административни или процедурални насоки до даночните обврзници во кои ќе се опише соодветниот даночен третман на трансакциите, како и соодветната методологија за утврдување цени. Како што беше спомнато во претходниот текст, даночните законодавства на некои земји-членки на ОЕЦД можат да содржат одредби кои на даночните обврзници им овозможуваат конкретни обврзувачки согласности за различни цели. Иако обврзувачката согласност не предвидува вклучување на ПЦС, таа може да има доволно широк опфат за да се вклучат ПЦС. 4.141 Некои земји во своите домашни законодавства немаат основа за склучување ПЦС. Меѓутоа, кога една даночна конвенција содржи клаузула во врска со постапката за заемно договарање слична на член 25 од Моделконвенцијата за оданочување на ОЕЦД, треба да им биде дозволено на надлежните органи да склучат ПЦС, доколк