OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 205

ПОГЛАВЈЕ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ПРИСТАПИ – 203 како на пример, реализираните економски трошоци и ризици, како и да извршат функционална анализа на начин опишан во Поглавје I од овие Насоки. 4.134 На поврзаните претпријатија најчесто им е дозволено да учествуваат во процесот на организирање на ПЦС, така што ќе го презентираат случајот и ќе преговараат со соодветните даночни администрации, ќе достават потребни информации и ќе остварат согласност околу прашањата од делот на примената на трансферни цени. Од гледна точка на поврзаните претпријатија, можноста да се учествува може да се смета за предност во однос на конвенционалната постапка на заемно договарање. 4.135 При завршувањето на постапката на ПЦС, даночните администрации треба да им издадат потврда на поврзаните претпријатија во своите јурисдикции дека нема да се врши никакво приспособување на трансферните цени, сè додека даночниот обврзник постапува во согласност со условите од спогодбата. Во претходната ПЦС треба да биде содржана и одредба (евентуално B