OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 203

ПОГЛАВЈЕ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ПРИСТАПИ – 201 примената на опсег. Како насочување можат да послужат и историските податоци за конкретната индустрија. 4.128 Сумарно, веродостојноста на одредено предвидување зависи од фактите и од околностите на секој фактички случај одделно. Даночните обврзници и даночните администрации треба да обратат особено внимание на веродостојноста на едно предвидување кога го анализираат опфатот на одредена ПЦС. Неверодостојни предвидувања не треба да се вклучуваат како дел од ПЦС. Предвидувањата во врска со соодветноста на еден метод и неговата примена како и изведувањето на релевантните критични претпоставки ќе можат да се направат со поголема веродостојност одошто предвидувањето на идните резултати (цените или нивото на добивка). 4.129 Во некои земји се остава простор за унилатерални спогодби, каде што даночната администрација и даночниот обврзник кој се наоѓа во нејзина јурисдикција постигнуваат аранжман односно договор без вклучување на други заинтересирани даночни администрации. Но, унилатералната ПЦС може да влијае врз даночната обврска на поврзаните претпријатија во други даночни јурисдикции. Онаму каде што се дозволени унилатерални ПЦС, надлежните органи на другите заинтересирани јурисдикции треба, што е можно порано, да се информираат за постапката за да може да проценат дали сакаат и дали се подготвени да ја разгледаат можноста за билатерален договор во рамките на постапката за заемно договарање. Во ниту една унилатерална ПЦС што земјите ги склучуваат со даночниот обврзник, не треба да се вклучува барање даночниот обврзник да се откаже од можноста за пристапување во постапка на заемно договарање во случај да настане спор во сферата на трансферните цени, и доколку другата земја иницира приспособување на трансферните цени во однос на одредена трансакција или аспект што се опфатени со унилатералната ПЦС, првата земја се охрабрува да размисли дале е соодветно да се примени кореспондентно приспособување место да ја смета унилатералната ПЦС за решение кое е неотповикливо. 4.130 Поради загриженоста заради двојното оданочување, повеќето земји претпочитаат билатерални или мултилатерални ПЦС (односно, спогодби во кои учествуваат две или повеќе земји). Всушност, некои земји во својата јурисдикција на даночните обврзници не им дозволуваат унилатерална ПЦС (односно, спогодба меѓу даночниот обврзник и една даночна администрација). Многу поверојатно е дека билатералниот (или мултилатералниот) пристап ќе осигури оти со спогодбите ќе се намали ризикот од двојното оданочување, спогодбите ќе бидат правични за сите вклучени даночни администрации и даночни обврзници и спогодбите ќе им понудат поголема сигурност на конкретните даночни обврзници. Во ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ