OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 202

200 – ПОГЛАВЈЕ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ПРИСТАПИ прашањата во сферата на трансферните цени. Тие се најполезни во случаи кога традиционалните механизми не успеваат или е тешко да се применат. Деталните насоки за спроведување на ПЦС во рамките на постапката за заемно договарање беа усвоени во октомври 1999 година и се содржани во еден од анексите кон ова поглавје. 4.124 Едно од клучните прашања кај концептот на ПЦС е колку тие можат да бидат прецизни при пропишувањето на трансферните цени на даночниот обврзник за период од неколку години, на пример, дали во конкретниот случај може да се утврди само методологијата за утврдување трансферни цени или пак можат да се утврдат поконкретни резултати. Општо земено, мора многу да се внимава кога ПЦС пропишува повеќе одошто само методологијата, начинот на примена и главните претпоставки, бидејќи поконкретните заклучоци се потпираат врз предвидувањата во врска со идните настани. 4.125 Веродостојноста на кое било предвидување што се применува во рамките на една ПЦС зависи од природата на самото предвидување и од главните претпоставки врз кои тоа предвидување се темели. На пример, би било нереално да се тврди дека каматните стапки за краткорочно задолжување во согласност со принципот „дофат на рака“ за конкретна корпорација во врска со меѓу-групациските позајмици, ќе остане на ниво од шест проценти во текот на следните три години. Поверојатна е претпоставката дека стапката ќе биде LIBOR плус одреден фиксен процент. Предвидувањето ќе стане уште поверодостојно доколку се вклучи и една соодветна критична претпоставка во однос на кредитниот рејтинг на друштвото (на пример, износот на зголемувањето над LIBOR стапката ќе се смени доколку дојде до промена на кредитниот рејтинг). 4.126 Како друг пример, не би било соодветно да се определи одредена формула за поделба на добивката меѓу поврзаните претпријатија, ако се очекува дека распределбата на функциите меѓу тие претпријатија ќе биде нестабилна. Но, можно е да се пропише одредена формула за поделба на добивката, ако улогата на секое одделно претпријатие се изрази низ главни претпоставки. Во одредени случаи, можно е дури и да се изведе разумно предвидување во врска со фактичкиот сооднос на поделбата на добивка доколку се обезбедат доволно претпоставки. 4.127 Кога даночните администрации ќе одлучуваат колкав ќе биде конкретниот опфат за одредена ПЦС, предвид треба да го земат фактот дека предвидувањето на апсолутни идни добивки изгледа како најмалку веројатно. Показателите за добивките на независни претпријатија можат да се користат како споредливи податоци, но тие често се нестабилни и се тешки за предвидување. Веродостојноста на предвидувањата може да се зголеми со примената на соодветни критични претпоставки и со ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ