OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 201

ПОГЛАВЈЕ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ПРИСТАПИ – 199 даночната администрација се откажува од дел од своето дискреционо право во полза на автоматски правила. Можно е даночната администрација да не биде подготвена да оди толку далеку и можеби ќе смета дека е од суштествена важност да го задржи правото да ја проверува и потврдува точноста на данокот и даночната основа утврдени со самооданочувањето од страна на даночниот обврзник. Едноставноста при усогласувањето со релевантните законски одредби често може да се најде во втор план во однос на другите цели на даночната политика, како на пример, разумно и адекватно документирање и известување, како и спречување на даночната евазија. 4.122 Од друга страна, даночните администрации располагаат со значителна флексибилност при спроведувањето на даночното право. Тие можат да решат дека ќе насочат повеќе ресурси врз случаите односно предметите каде што станува збор за големи даночни обврзници или врз значителен дел од контролираните трансакции, а да искажат поголема толеранција кон помалите даночни обврзници. Иако пофлексибилните административни практики кон помалите даночни обврзници не се замена за формален поедноставен даночен режим, тие можат да ги остварат, во помала мера, истите цели што ги остваруваат и поедноставените режими. Имајќи го предвид претходно наведеното, генерално не се препорачуваат посебни статутарни отстапувања за одредени категории даночни обврзници при утврдувањето трансферни цени, па затоа не се препорачува примената на поедноставените даночни режими. Ѓ. Претходни ценовни спогодби1 Ѓ.1 Дефиниција и концепт на претходни ценовни спогодби (ПЦС) 4.123 ПЦС претставува аранжман со кој, пред почетокот на контролираните трансакции, се утврдува соодветен сет на критериуми (на пример, методот, споредливите податоци и соодветните приспособувања на истите, главните претпоставки во однос на идните настани), за утврдување на трансферните цени за тие трансакции за одреден фиксен временски период. ПЦС формално се иницира од страна на даночниот обврзник и за неа се неопходни преговори меѓу даночниот обврзник, ед B