OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 200

198 – ПОГЛАВЈЕ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ПРИСТАПИ поволностите на еден поедноставен даночен режим, слични и евентуално меѓусебно конкурентни даночни обврзници би можеле, во некои околности, да се најдат на спротивни страни од прагот на поедноставениот даночен режим: едните би ги исполнувале правилата на поедноставениот даночен режим и со тоа би биле ослободени од обврската за усогласување со стандардните одредби, а другите би биле обврзани да ги вршат своите деловни активности исклучиво во согласност со принципот „дофат на рака“ (или бидејќи претпријатието фактички работи „дофат на рака“ или бидејќи подлежи на законски одредби во делот на трансферните цени кои се темелат врз принципот „дофат на рака“). Преференцијалниот даночен третман во рамките на поедноставените даночни режими за конкретна категорија даночни обврзници би можел да значи и дискриминација и нарушување на конкуренцијата. Д.5 Препораки околу примената на поедноставените даночни режими 4.120 Претходно содржаната анализа сугерира дека, иако низ примената на поедноставени даночни режими може да се остварат повеќе цели поврзани со почитувањето и администрирањето на одредбите во делот на трансферните цени, тие покренуваат и фундаментални проблеми. Тие потенцијално можат да имаат штетен ефект врз одлуките во врска со цените од страна на претпријатијата кои се вклучени во контролирани трансакции. Можат да има