OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 198

196 – ПОГЛАВЈЕ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ПРИСТАПИ администрација во земјата што нуди поедноставен даночен режим би се остварила на сметката на други земји кои, за да ја заштитат сопствената даночна основа, ќе мораат систематски да утврдуваат дали цените или резултатите дозволени во рамките на поедноставениот даночен режим се конзистентни со она што би се добило со примената на нивните сопствени прописи во делот на трансферните цени. Со тоа, административниот товар од кој би била поштедена земјата која нуди поедноставен даночен режим, би се префрлил врз странските јурисдикции. 4.114 Можности за двојно оданочување можат да постојат и во други случаи освен кога само една земја има усвоено поедноставен даночен режим. Со усвојувањето на поедноставениот даночен режим од страна на повеќе од една земја не би се избегнало двојното оданочување доколку секоја даночна јурисдикција усвои пристапи и методи што се во спротивност со пристапите и со методите усвоени од страна на други даночни јурисдикции. Постои веројатност параметрите на поедноставените даночни режими на две земји за одредени индустриски сегменти да отстапуваат, бидејќи обете земји ќе сакаат да си ги заштитат своите приходи. Во теорија, низ меѓународна соработка може да се оствари она ниво на усогласеност меѓу националните системи што е потребно за да се избегне двојното оданочување. Меѓутоа, во практиката, многу е мала веројатноста дека две јурисдикции би можеле да ги усогласат своите меѓусебно спротивставени поедноставени даночни режими, со што би се елиминирало двојното оданочување. Д.4.2 Можности за отворање простор за даночно планирање 4.115 Поедноставените даночни режими на даночните обврзници им нудат можности и за даночно планирање. Претпријатијата имаат поттик да ги модифицираат трансферните цени со цел да го префрлат приходот што подлежи на оданочување во други јурисдикции. Овде постои и можноста да се поттикне и појавата на даночна евазија, до степен до кој се склучуваат вештачки договорни односи со цел да се користат можностите на поедноставените даночни режими. 4.116 Кога поедноставениот даночен режим би се базирал врз просеците на одредена индустрија, можности за даночно планирање би постоеле за оние даночни обврзници кои бележат профитабилност повисока од просечната. На пример, рентабилно друштво кое врши продажба по цена „дофат на рака“ може да заработува маржа од 15 проценти од контролираната продажба. Оваа корпорација би имала поттик да избере поедноставен даночен режим што остава простор за 10-процентна маржа. Во рамките на поедноставениот даночен режим, друштвото би било ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ