OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 192

190 – ПОГЛАВЈЕ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ПРИСТАПИ Д.3 Фактори во прилог на користење на поедноставените даночни режими 4.97 Основните цели на поедноставените даночни режими се следниве: да се поедностави процесот на усогласување со правилата за трансферни цени за соодветните даночни обврзници при утврдувањето на услови согласно принципот „дофат на рака“ за контролираните трансакции, да се создаде сигурност на одредена категорија даночни обврзници дека даночната администрација без натамошно разгледување ќе ја прифати цената што се фактурира за контролираните трансакции, и даночната администрација да се ослободи од задачата на спроведување натамошна контрола на овие даночни обврзници во смисла на примената на трансферни цени од нивна страна. Д.3.1 Поедноставување на исполнувањето на даночните обврски 4.98 Примената на принципот „дофат на рака“ може да ја наметне потребата од собирање и анализа на податоци до кои може да биде тешко да се дојде и/или истите да се проценат. Во одредени случаи, можно е оваа комплексност да биде несразмерна со големината на корпорацијата или со нејзиното ниво на контролирани трансакции. 4.99 Поедноставените даночни режими можат значително да го олеснат усогласувањето со овие законски обврски, со тоа што ќе ги изземат даночните обврзници од овие одредби. Осмислени како механизам за олеснување, тие овозможуваат поголема флексибилност, особено во оние области каде што нема соодветни или споредливи цени, во согласност со принципот „дофат на рака“. Во рамките на поедноставените даночни режими, даночните обврзници однапред го знаат опсегот на цени или на стапки на добивка во кој корпорацијата мора да потпадне за да ги исполни условите за користење на поволностите од поедноставениот даночен режим. За исполнување на овие услови е потребна само примена на поедноставен метод, најчесто одредена мерка на профитабилноста, со што даночниот обврзник се ослободува од напорот да врши потрага по споредливи трансакции/претпријатија, а со тоа се штедат времето и ресурсите што инаку би се ангажирале за утврдување на трансферните цени. Д.3.2 Извесност 4.100 Уште една предност што ја нуди поедноставениот даночен режим би била извесноста дека даночната администрација ќе ги прифати ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ