OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 190

188 – ПОГЛАВЈЕ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ПРИСТАПИ 4.92 Зголемената интернационализација на трговијата и на бизнисот и поголемата комплексност во трансакциите на мултинационалните претпри­ јатија, даваат поголемо значење на прашањата во делот на трансферните цени. Истовремените даночни контроли можат да ги намалат потешкотиите на кои наидуваат, како даночните обврзници така и даночните администрации, а кои се поврзани со трансферните цени во рамките на мултинационалните претпријатија. Затоа, се препорачува истовремените даночни контроли повеќе да се применуваат при контролата на случаите со трансферни цени и за олеснување на размената на информации и на спроведувањето на постапките за заемно договарање. Доколку биде извршено повторно пресметување на данок, обете вклучени земји треба да настојуваат да остварат резултат со кој ќе се избегне двојното оданочување за ГМНП. Д. Поедноставени даночни режими Д.1 Вовед 4.93 Примената на принципот „ B