OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 186

184 – ПОГЛАВЈЕ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ПРИСТАПИ конвенција содржи општи насоки за избор на предмети и за спроведување вакви контроли. Можноста за спроведување истовремени даночни контроли изречно е предвидена и во член 8 од заедничката Конвенција за заемната административна помош кај даночните прашања на Советот на Европа и на ОЕЦД. 4.82 Во сите случаи, информациите до кои доаѓа даночната администрација на една земја, мора да се третираат како доверливи во нејзиното домашно законодавство и смеат да се користат само за определени даночни потреби и да се откриваат само пред одредени лица и органи кои се вклучени во конкретно дефинирани даночни работи, опфатени со спогодбата за избегнување на двојно оданочување или со договорот за заемна помош. Засегнатите даночни обврзници обично се известуваат дека се избрани за истовремена контрола и, во некои земји, имаат право да бидат информирани кога даночната администрација планира да спроведе истовремена даночна контрола или кога информациите ќе се проследат во согласност со член 26. Во такви случаи, конкретниот надлежен орган треба да го информира надлежниот орган во другата земја дека ќе дојде до такво откривање на информации. Г.3 Истовремени даночни контроли и трансферни цени 4.83 При изборот на предметите од сферата на трансферни цени што ќе бидат предмет на истовремени контроли, можно е да настанат големи пречки како последица од разликите во роковите за спроведување на контролите или за правењето проценка во различни земји и од различните даночни периоди кои се отворени за контрола. Овие проблеми можат да се намалат со благовремена размена на распоредот на контроли меѓу релевантните надлежни органи, врз основа на што би се заклучило во кои случаи периодите на даночни контроли се совпаѓаат со цел да се синхронизираат идните периоди на вршење даночни контроли. На прв поглед, се добива впечаток дека благовремената размена на информации изгледа полезна з