OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 183

ПОГЛАВЈЕ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ПРИСТАПИ – 181 приспособување) ќе се изземе од бруто-приходот на примателот (бидејќи веќе е одразена низ примарното приспособување). Како последица од тоа, примателот би го загубил индиректниот даночен кредит (или поволноста од изземање на дивидендата во системот на изземање) и кредит за задржан данок што би бил применет со дивидендата. 4.74 Кога репатријацијата вклучува воспоставување на побарување, приспособувањата кон фактичкиот готовински тек се вршат со текот на времето, иако е можно домашното законодавство да го ограничи временскиот период во кој сметката може да биде намирена. Овој пристап е идентичен со примената на конструктивен заем како секундарна трансакција за да се одрази прекумерната добивка во рацете на едната од страните што учествуваат во контролираната трансакција. Но, пресметувањето на камата на сметката би имало и свои даночни последици, а ова би можело да го комплицира процесот, зависно од тоа кога каматата настанува според домашното законодавство (како што станува збор во параграф 4.67). Некои земји е можно да искажат подготвеност, како дел од договореното меѓу надлежните органи, да се откажат од пресметувањето камата на овие сметки. 4.75 Онаму каде што се настојува да се оствари репатријација, се поставува прашањето на кој начин овие плаќања треба да се евидентираат во сметките на даночниот обврзник што врши репатријација на плаќањето до своето поврзано претпријатие, така што, и даночниот обврзник, и даночната администрација на таа земја се свесни дека репатријацијата била спроведена. Фактичкото евидентирање на репатријацијата во сметките на претпријатието од кое се бара репатријација, во крајна линија, зависи од формата во која се јавува самата репатријација. На пример, кога прием на дивиденда треба да се смета за репатријација, од страна на даночната администрација што го врши примарното приспособување и од страна на даночниот обврзник што врши прием на дивидендата, ваков вид аранжман можеби и не мора посебно да се евидентира во извештаите на поврзаното претпријатие што ја плаќа дивидендата, бидејќи е можно таквиот аранжман да не влијае врз износот или врз карактеризирањето на дивидендата во неговите раце. Од друга страна, кога се создаваат обврски, даночниот обврзник што ја евидентира обврската и даночната администрација на таа земја треба да се свесни за фактот дека обврската се однесува на репатријација, па оттаму, сите повторени плаќања од сметката или каматни плаќања врз износот што се должи на сметката да можат јасно да се идентификуваат и да се третираат во согласност со домашното законодавство на таа земја. Освен тоа, може да настанат и прашања во однос на добивката и на загубата што се остварува врз основа на курсни разлики. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ