OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 182

180 – ПОГЛАВЈЕ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ПРИСТАПИ кое е вклучено во трансакцијата. Постои можност од создавање бројни хипотетички трансакции, што покренува прашања за тоа дали би требало да се создадат даночни консеквенци и во други јурисдикции, покрај оние што веќе се вклучени во трансакцијата за која се извршила примарното приспособување. Ова би можело да се избегне доколку секундарната трансакција претставува заем, меѓутоа, конструктивните заеми во повеќето земји не се користат за оваа намена и создаваат потешкотии поради прашањата поврзани со импутирана камата. Несоодветно е малцинските акционери, кои не се учесници во контролираните трансакции и кои поради тоа немаат остварено прием на вишок готовински средства, да се сметаат за приматели на конструктивна дивиденда, иако дивидендата која не била исплатена pro rata би можела да се смета дека не е во согласност со барањата на важечкото трговско право. Освен тоа, како резултат од интеракцијата со системот на даночни кредити за данокот платен во друга држава, секундарната трансакција е можно прекумерно да го намали севкупниот даночен товар за ГМНП. 4.71 Во контекст на претходно наведените потешкотии, а во услови кога секундарните трансакции се сметаат за неопходни, даночните администрации се поттикнуваат овие приспособувања да ги структурираат на начин со кој ќе се сведе на минимум можноста за двојно оданочување поради таквите приспособувања, освен во случаите во кои однесувањето на даночниот обврзник укажува на намера да се прикрие одредена дивиденда, со цел да се избегне обврската за плаќање на задржаниот данок. Освен тоа, на земјите кои во моментов се наоѓаат во процес на формулирање или на ревидирање на своите политики во овој дел, им се препорачува предвид да ги земат овие потешкотии. 4.72 Некои земји што имаат усвоено секундарни приспособувања, на даноч­ иот обврзник што го прима примарното приспособување му н овозможуваат друга опција што му дозволува да го избегне секундарното приспособување, така што на даночниот обврзник му налагаат, ГМНП од која тој е дел, да направи репатријација на прекумерната добивка, со цел на даночниот обврзник да му се овозможи да ги усогласи сопствените сметки со примарното приспособување. Репатријацијата може да се спроведе преку формирање на побарување или низ рекласификација на другите трансфери, како на пример, плаќањата врз основа на дивиденди, каде што приспособувањето се врши меѓу матичното и зависно друштво и, како плаќање дополнителна трансферна цена (кога првичната цена била премногу ниска) или како рефундирање на трансферната цена (кога првичната цена била премногу висока). 4.73 Кога репатријацијата вклучува рекласификација на исплата на дивиденда, износот на дивидендата (до максима B