OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 181

ПОГЛАВЈЕ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ПРИСТАПИ – 179 враќање односно отплата на заемот. Даночната администрација што го врши примарното приспособување, во тој случај може да настојува да го примени принципот „дофат на рака“ врз оваа секундарна трансакција за да наметне каматна стапка врз основа на истиот принцип. Генерално, би требало да се опфатат прашањата за висината на каматната стапка треба да се примени, со која динамика треба да се исплатува (доколку се исплатува), и дали каматата што треба да се капитализира. Пристапот на конструктивен заем може да има влијание, не само за годината на која се однесува примарното приспособување туку и за последователните години, сè до моментот кога даночната администрација која го утврдува секундарното приспособување ќе заклучи дека конструктивниот заем е отплатен. 4.68 Секундарно приспособување може да резултира со двојно оданочување, освен доколку другата земја не обезбеди кореспондентен кредит или некоја друга форма на даночно ослободување за дополнителната даночна обврска што може да настане како резултат од секундарното приспособување. Кога секундарното приспособување се јавува во форма на конструктивна дивиденда, можно е секој задржан данок, што во тој момент ќе се одреди, да не може да биде предмет на даночно ослободување бидејќи постои можност, според домашното законодавство на другата страна, да не се смета дека е примена дивиденда. 4.69 Во Коментарот кон став 2 од член 9 од Модел-конвенцијата за оданочу­ ање на ОЕЦД се забележува дека овој конкретен член не се в занимава со секундарни приспособувања и, поради тоа, ниту им забранува ниту им налага на даночните администрации да вршат секундарни приспособувања. Во широка смисла на зборот, може да се каже дека целта на договорите за избегнување на двојното оданочување е да се избегне двојното оданочување и да се спречи фискалната евазија во однос на даноците на добивка и капитал. Бројни земји не спроведуваат секундарни приспособувања, како прашање на сопствената практика или бидејќи тоа не смеат да го прават според соодветните одредби од своите домашни законодавства. Можно е некои земји да одбијат да одобрат даночно ослободување во однос на секундарните приспособувања на други