OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 180

178 – ПОГЛАВЈЕ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ПРИСТАПИ В.5 Секундарни приспособувања 4.66 Кореспондентните приспособувања не се единствените приспосо­ бувања што можат да произлезат од примарно приспособување во делот на трансферните цени. Примарните приспособувања кај трансферните цени и нивните соодветни односно кореспондентни приспособувања ја менуваат алокацијата на оданочливата добивка на ГМНП за даночни цели, но не го менуваат фактот дека вишокот на добивка што го претставува приспособувањето не е конзистентно со резултатот што би се добил ако контролираните трансакции биле спроведени врз основа на принципот „дофат на рака“. Со цел фактичката алокација на добивката да се направи конзистентна со примарното приспособување на трансферните цени, некои земји кои имаат предложено такво приспособување ќе вметнат во согласност со домашното законодавство конструктивна трансакција (секундарна трансакција), со што вишокот на добивка која настанува како резултат од примарното приспособување се третира како да е трансферирана во некоја друга форма и сооветно оданочена. Вообичаено е секундарните трансакции да се јават како конструктивни дивиденди, конструктивни учества во капитал или на конструктивни заеми. На пример, земјата која врши примарно приспособување на приходите на едно зависно друштво кое има странско матично друштво, прекумерната добивка во рацете на странската компанија-мајка може да ја третира како добивка што била трансферирана како дивиденда, во кој случај таа може да биде предмет на задржан данок. Можеби зависното друштво платило превисока трансферна цена на странското матично претпријатие, како средство за избегнување на тој задржан дан