OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 177

ПОГЛАВЈЕ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ПРИСТАПИ – 175 релевантни за конкретното прашање. Даночните администрации имаат ограничени ресурси, а даночните обврзници треба да сторат сè што е во нивна моќ да ја олеснат постапката. Освен тоа, бидејќи постапката за заемно договарање во основа е осмислена како начин со кој му се обезбедува помош на даночниот обврзник, даночните администрации треба да им ја овозможат на даночните обврзници секоја реална можност пред нив да ги презентираат своите релевантни факти и аргументи, со цел што е можно повеќе да се загарантира дека конкретното прашање нема да биде предмет на недоразбирање. 4.59 Во практиката, даночните администрации во бројни земјичленки на ОЕЦД вообичаено им даваат вакви можности на даночните обврзници, постојано ги информираат околу остварениот напредок во разговорите и често во текот на разговорите ги прашуваат дали можат да ги прифатат оние решенија за кои, како можност, во тој момент размислуваат надлежните органи. Овие практики, како веќе стандардна постапка во повеќето земји, треба да се усвојат во што е можно пошироки рамки. Тие практики се составен дел и на Прирачникот за ефикасни постапки за заемно договарање (ПЕПЗД) на ОЕЦД. В.4.4 Објавување на применливите постапки 4.60 За даночните обврзници би било од голема помош надлежните органи да изготват и да објават сопствени домашни прописи или постапки за примена на постапката за заемно договарање, така што даночните обврзници да можат полесно да го разберат самиот процес. Земјитечленки на ОЕЦД и одреден број земји кои не се дел од ОЕЦД имаат поставено упатувања (референци) кон национални прописи или постапки на нивните „Национални профили“ во делот на решавањето спорови на веб-страницата на ОЕЦД кои се ажурираат редовно. Изготвувањето и објавувањето на овие прописи може да им биде од помош и на даночните администрации, особено доколку се соочени со можноста од голем или од растечки број предмети во кои остварувањето заемно договарање со другите даночни администрации може да се покаже како неопходно или како пожелно, бидејќи таквите прописи би можеле да ги ослободат од потребата да одговараат на различни барања или за секој случај одделно да осмислуваат нови постапки. 4.61 При објавувањето на овие прописи и постапки би можело јасно да се презентира, на пример, на кој начин даночниот обврзник може да изнесе одреден проблем пред надлежната власт со цел да се започнат разговори со надлежните органи на некоја друга земја. Во публикацијата би можела да биде содржана информација до кого проблемот би требало ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ