OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 176

174 – ПОГЛАВЈЕ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ПРИСТАПИ за заемно договарање („ПЕПЗД“), каде што се идентификувани серија најдобри практики што земјите се поттикнуваат да ги применуваат за да ја подобрат ефикасноста на нивните постапки на заемно договарање. 4.54 Важно е да се напомене дека воведувањето арбитражна клаузула, слична на клаузулата од став 5 од член 25 за решавање на прашањата по две години, значително треба да го намали ризикот од долготрајни постапки на заемно договарање. В.4.3 Учество од страна на даночните обврзници 4.55 Став 1 од член 25 од Модел-конвенцијата за оданочување на ОЕЦД, дава право даночниот обврзник да поднесе барање за започнување постапка на заемно договарање. Со параграф 34 од Коментарот кон член 25 се предвидува дека овие барања не треба да се отфрлаат без притоа да постои добра причина. Околностите во кои една земја можеби нема да му дозволи на даночниот обврзник пристап до постапката за заемно договарање и соодветните начини за постапување во вакви околности, се анализираат во параграф 26 до 29 од Коментарот кон член 25. 4.56 Сепак, иако даночниот обврзник има правото да покрене постапка, нема изречно право да учествува во самиот процес. Според некои тврдења, даночниот обврзник треба да има право да учествува во постапката за заемно договарање, вклучително и право да го претстави својот случај пред обата надлежни органи и да биде информиран за тоа како напредува расправата. Во оваа смисла, треба да се напомене дека спроведувањето на заемното договарање во практиката подлежи на прифаќање од страна на даночниот обврзник. Според некои претставници на даночните обврзници, даночниот обврзник исто така треба да има и право да присуствува на непосредните дискусии меѓу надлежните органи. Целта е да се загарантира дека надлежните органи нема погрешно да ги разберат фактите и аргументите што се релевантни за предметот на конкретниот даночен обврзник. 4.57 Постапката за заемно договарање која е предвидена во член 25 од Модел-конвенцијата за оданочување на ОЕЦД и која е усвоена во бројни билатерални спогодби, не претставува судски процес. Иако информациите од даночниот обврзник во некои случаи можат да бидат од помош во постапката, одлуката за негово учество во постапката ја носат надлежнит BԃB