OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 175

ПОГЛАВЈЕ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ПРИСТАПИ – 173 администрација да спроведе какви било неотповикливи чекори, а целта би била да има што е можно помалку процедурални пречки на патот кон остварување заемно прифатливо завршување на расправите. Меѓутоа, можно е некои надлежни органи да не сакаат да бидат инволвирани во толку рана фаза, бидејќи е можно предложеното приспособување да не резултира со конечно постапување или да не поттикне барање за извршување кореспондентно приспособување. Поради тоа, прераното започнување на процесот на заемно договарање може да создаде непотребни активности. 4.51 Надлежните органи треба да се подготвени да започнат разговори во рамките на постапката за заемно договарање за трансферните цени, во што е можно порана фаза која ќе биде во согласност со економичното користење на нивните ресурси. В.4.2 Времетраење на постапките за заемно договарање 4.52 Откако ќе почнат разговорите во рамките на постапката за заемно договарање, самата постапка може да трае и подолго. Поради комплексноста на предметите во делот на трансферните цени, можно е на даночните администрации да им биде тешко да постигнат брзо решавање на конкретните случаи. Поради оддалеченоста, на претставниците на даночните администрации може да им биде тешко да одржуваат чести средби, а преписката честопати е несоодветна замена за разговорите лице во лице. Потешкотии настануваат и поради разликите во јазикот, постапките, како и кај правните и сметководствените системи, а сето тоа може да го продолжи времетраењето на самиот процес. Проце