OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 171

ПОГЛАВЈЕ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ПРИСТАПИ – 169 согласност. Исто така, во Коментарот кон член 25, покрај арбитражата содржана е и корисна дискусија во врска со примената на дополнителни механизми, вклучувајќи го и посредувањето и проследувањето на фактичките спорови до експерти во својство на трети страни. 4.41 Даночните обврзници имаат изразено стравување дека е можно нивните предмети да не се решаваат врз основа на поединечните карак­ теристики на предметите, туку врз основа на севкупните резултати од други предмети. При востановена добра практика при решавањето на предметите во рамките на заемното договарање, надлежниот орган би требало преку комуникација со другите надлежни органи на принципиелен, праведен и објективен начин, секој предмет да го решава врз основа на неговите сопствени карактеристики, а не со користење на резултати постигнати од други предмети. До степен до кој можат да се применат, овие Насоки претставуваат соодветна основа за развој на принципиелен пристап. Слично на тоа, можно е да постои стравување од активности насочени против даночните обврзници или од пребивање на приспособувања од страна на земјата од која е побарана кореспондентното приспособување. Даночните администрации немаат намера да спроведуваат такви активности. Даночните обврзници можеби стравуваат бидејќи овој факт не им е соодветно пренесен. Даночните администрации треба да преземат чекори со кои ќе ги убедат даночните обврзници дека не мора да стравуваат од активности насочени против нив и дека, во согласност со принципот „дофат на рака“, за секој случај се решава врз основа на неговите сопствени карактеристики. Даночните обврзници не треба да се одвратат од започнување постапки за заемно договарање онаму каде што може да се примени член 25. 4.42 Позначајните проблеми во однос на постапката за заемно договарање, во делот каде што таа се однесува на кореспондентните приспособувања, се наведени подолу во текстот: 1. Временските ограничувања во согласност со домашното законодавство можат да ги направат кореспондентните усогласувања недостапни доколку овие ограничувања не се надминат во согласност со одредената даночна спогодба. 2. Времето потребно за завршување на постапките за заемно договарање може да биде предолго. 3. Можно е учеството на даночните обврзници да е ограничено. 4. Можно е да нема лесно достапни информации за постапките кои на даночните обврз