OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 170

168 – ПОГЛАВЈЕ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ПРИСТАПИ претпријатија. Ова приспособување, познато и како „компензирачко приспособување“, би се остварило пред да се поднесе даночната пријава. Компензирачките приспособувања можат да го олеснат пријавувањето на приходот за оданочување од страна на даночните обврзници, во согласност со принципот „дофат на рака“, бидејќи е можно информациите за споредливите неконтролирани трансакции да не се достапни во моментот кога поврзаните претпријатија ги утврдуваат цените за нивните контролирани трансакции. Значи, со цел да се поднесе точна даночна пријава, на даночниот обврзник му е дозволено да изврши компензирачко приспособување со кое ќе се рефлектира разликата меѓу цената „дофат на рака“ и фактичката цена евидентирана во неговите сметководствени книги и евиденција. 4.39 Меѓутоа, повеќето земји-членки на ОЕЦД не ги признаваат компен­ ирачките приспособувања врз основа на фактот дека даночната з пријава треба да ги прикажува фактички извршените трансакции. Ако компензирачките приспособувања се дозволени (или се задолжителни) во земјата на едното поврзано претпријатие, но не се дозволени во земјата на другото поврзано претпријатие може да дојде до двојно оданочување, бидејќи е можно олеснувањето кое произлегува од кореспондентно приспособување да не биде дозволено доколку не се изврши примарното приспособување. Постапката за заемно договарање е достапна за решавање на потешкотиите што настануваат со компензирачките приспособувања, а надлежните органи се поттикнуваат да сторат сè што е во нивна моќ при решавањето на секој поединечен случај на двојно оданочување што може да произлезе од различните пристапи што земјите ги имаат кон овие приспособувања што се вршат