OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | 页面 166

164 – ПОГЛАВЈЕ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ПРИСТАПИ на двојно оданочување. Оваа постапка, опишана и пропишана со член 25 од Модел-конвенцијата за оданочување на ОЕЦД, може да се користи за елиминирање на двојното оданочување што би можело да настане како резултат од приспособување во однос на трансферните цени. 4.30 Во член 25 се утврдуваат три различни области каде што обично се користат постапките на заемно договарање. Во првата област спаѓаат примери кога „оданочувањето не е во согласност со одредбите од Конвенцијата“ што е опфатено во став 1 и 2 од овој член. Постапките во оваа област најчесто ги започнува даночниот обврзник. Другите две области, кои не мора секогаш да го вклучат и даночниот обврзник, се предмет на став 3 и содржат прашања на „толкување или примена на Конвенцијата“ и елиминирање на двојното оданочување во случаите кои инаку не се опфатени со Конвенцијата. Параграф 9 од Коментарот кон член 25 јасно става на знаење дека намената на член 25 е да биде користен од страна на надлежните органи при решавањето, не само на проблемите во делот на правното двојно оданочување туку и на проблемите поврзани со економското двојно оданочување кои настануваат како резултат од приспособувањата во однос на трансферните цени, извршени во согласност со став 1 од член 9. 4.31 Став 5 од член 25, кој во 2008 година беше инкорпориран во Моделконвенцијата за оданочување на ОЕЦД, предвидува дека во случаите кога надлежните органи не се во можност да постигнат согласност во рок од две години по започнувањето на одреден случај според став 1 од член 25, на барање од лицето што го презентирало случајот, нерешените прашања се решаваат низ процес на арбитража. Ова проширување на постапката за заемно договарање гарантира дека онаму каде што надлежните органи не можат да остварат согласност околу едно или повеќе прашања што го спречуваат решавањето на конкретниот случај. Решавањето на случајот и натаму е можно преку арбитража. Кога едно или повеќе отворени прашања се поднесени за арбитража во согласност со оваа одредба, освен доколку лицето кое е директно засегнато од случајот не прифати заемно договарање со кое се спроведува одлуката од арбитражата, таа одлука е обврзувачка за обете држави, оданочувањето на кое било лице директно засегнато од конкретниот случај мора да се изврши во согласност со одлуката донесена во врска со отворените прашања поднесени за арбитража, додека одлуките до кои се дошло во арбитражниот процес ќе бидат предмет на заемен договор, со кој ќе се спроведе арбитражната одлука која ќе им биде доставена на овие лица. Доколку конкретна билатерален договор не содржи арбитражна клаузула слична на арбитражната клаузула од став 5 од член 25, постапката за заемно договарање не ги принудува надлежните органи да постигнат договор и да ги решат даночните спорови, односно надлежните органи се обврзани само да вложат напори со цел да се оствари ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ