OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 157

ПОГЛАВЈЕ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ПРИСТАПИ – 155 на законските даночните правила. Како прашање на домашен суверенитет и потребата за приспособување на специфичностите на различните даночни системи, практиките на усогласување со правилата за трансферни цени остануваат во рамките на надлежностите на секоја земја посебно. Правичната примена на принципот „дофат на рака“ налага постоење на јасни правила за постапките со кои се обезбедува соодветна заштита на даночниот обврзник и со кои ќе се овозможи даночните приходи да не се префрлат во земји со премногу ригорозни процедурални правила. Но сепак, кога еден даночен обврзник кој е предмет на даночна контрола во една земја претставува дел од конкретна ГМНП, можно е практиките на усогласување со даночните правила во земјата каде што тој даночен обврзник е предмет на контрола да имаат последици и во други даночни јурисдикции. Ова особено може да биде случај кога се работи за трансферни цени за прекугранични трансакции, бидејќи трансферните цени имаат импликации врз износот на данокот кој се наплатува во даночните јурисдикции на поврзаните претпријатија кои се дел од контролираната трансакција. Доколку истиот пристап кон трансферните цени не е прифатен во другите даночни јурисдикции, можно е ГМНП да подлежи на двојно оданочување, како што е наведено во параграф 4.2. Даночните администрации треба да го имаат предвид принципот „дофат на рака“ при примената на своите практики за исполнување на законските барања, +B