OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 152

150 – ПОГЛАВЈЕ III: АНАЛИЗА НА СПОРЕДЛИВОСТА трансакции, со цел да се утврди дали неконтролираната трансакција е соодветната споредлива трансакција што треба да се користи при примената на конкретен метод. Последователните постапки на страните исто така се релевантни за утврдување на фактичките договорни услови меѓу страните. Б.5 Податоци од повеќе години 3.75 Во практиката, анализата на податоци од повеќе години често е полезна во рамките на анализата на споредливоста, меѓутоа, не претставува системско барање. Податоците од повеќе години треба да се користат онаму каде што додаваат вредност кон анализата на трансферните цени. Не е соодветно да се пропишуваат строги насоки во врска со тоа колку години треба да се опфатат со една повеќегодишна анализа. 3.76 За целосно да се разберат фактите и околностите во една контро­ лирана трансакција, обично е полезно да се анализираат податоци од годината што е предмет на анализа и претходните години. Од анализата на овие информации може да се изведат факти што евентуално влијаеле (или што требало да влијаат) врз утврдувањето на трансферната цена. На пример, користењето податоци од претходните годни овозможува да се согледа дали загубата што даночниот обврзник ја остварил од конкретна трансакција претставува дел од загуби остварени од слични трансакции и во претходни години, дали е резултат од одредени економски состојби во претходната година поради што се зголемиле трошоците во тековната година или го одразува фактот дека даден производ се наоѓа на крајот од својот животен циклус. Ваквата анализа може да е особено полезна во случаите кога се применува метод на трансакциска добивка. Да се погледне параграф 1.72 во врска со полезноста на податоците од повеќе години при анализата на ситуациите во кои биле остварени загуби. Податоците од повеќе години можат да овозможат подобро разбирање на долгорочните договори. 3.77 Повеќегодишните податоци се полезни и кога од нив се добиваат информации во врска со релевантните деловни циклуси B