OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 151

ПОГЛАВЈЕ III: АНАЛИЗА НА СПОРЕДЛИВОСТА – 149 можеле да се предвидат во моментот на тестирањето на контролираната трансакција, особено онаму каде што процените во тој момент биле многу несигурни. Прашањето треба да го решат даночните обврзници и даночните администрации врз основа на она што би сториле независни претпријатија во споредливи околности, за да се справат со несигурностите при правењето на процени во врска со утврдувањето на цените за трансакцијата. 3.73 Образложението дадено во параграф 6.28 до 6.32 и во Анексот кон Поглавје VI „Примери за илустрирање на Насоките за примена на трансферни цени врз нематеријалниот имот и многу неизвесни процени“ за трансакциите кои вклучуваат нематеријален имот за кои вреднувањето е со неизвесен карактер, по аналогија важи и за другите видови трансакции каде што постојат неизвесности во однос на вреднувањата. Основното прашање е да се утврди дали вреднувањата биле доволно неизвесни на самиот почеток, за страните кои се во согласност со принципот „дофат на рака“ да побараат механизам за ценовни приспособувања или пак промената во вредноста претставува фундаментален развој на настаните што би довел до повторно преговарање околу самата трансакција. Во таков случај, даночната администрација би имала право цената „дофат на рака“ за трансакцијата да ја утврди врз основа на клаузула која д B