OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 150

148 – ПОГЛАВЈЕ III: АНАЛИЗА НА СПОРЕДЛИВОСТА Б.2 Време на собирање на податоци 3.69 Во некои случаи, даночните обврзници составуваат докумен­ тација за трансферните цени со цел да демонстрираат дека вложиле реални напори за да го испочитуваат принципот „дофат на рака“ во моментот кога биле превземени нивните внатре-групациски трансакции, односно врз основа ex ante (во натамошниот текст, пристап за „утврдување на цени дофат на рака“), а врз основа на информациите што ним реално им биле достапни во тој момент. Во овие информации не спаѓаат само информациите за споредливите трансакции од претходните години, туку и информациите за економските и за пазарните промени што евентуално настанале во периодот меѓу тие претходни години и годин