OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 149

ПОГЛАВЈЕ III: АНАЛИЗА НА СПОРЕДЛИВОСТА – 147 таа трансакција може да биде споредлива или не. Во околностите во кои трансакциите/друштвата кои бележат загуби треба да се исклучат од листата на споредливи трансакции/друштва, спаѓаат случаите каде што загубите не ги одразуваат вообичаените деловни состојби и каде што загубите направени од трети страни одразуваат ниво на ризици кое не е споредливо со нивото на ризици што даночниот обврзник го презема во своите контролирани трансакции. Меѓутоа, споредливите трансакции/ претпријатија кои создаваат загуби и ги исполнуваат условите од анализата на споредливоста, не треба да се отфрлаат исклучиво врз основа на фактот дека трпат загуби. 3.66 Слично истражување треба да се спроведе и за потенцијалните споредливи трансакции/ претпријатија кои остваруваат абнормално високи нивоа на добивка во однос на другите потенцијални споредливи трансакции/ претпријатија. Б. Временски аспекти на споредливоста 3.67 Постојат временски аспекти на споредливоста кои се однесуваат на моментот на создавање, собирање и на подготвување на информации во врска со факторите на споредливоста и со споредливите неконтролирани трансакции што се користат во рамките на конкретна анализа на споредливоста. Да се погледне параграф 5.3, 5.4, 5.5, 5.9 и 5.14 од Поглавје V за индикации во однос на временските аспекти во контекст на барањата за документирање поврзано со трансферните цени. Б.1 Време на креирање на податоци 3.68 Во принцип, информациите што се однесуваат на условите на според­ ивите неконтролирани трансакции превземени или извршени во л текот на истиот временски период како и контролираната трансакција („истовремени неконтролирани трансакции“) обично се сметаат за најверодостојни информа­ ии кои може да се користат при анализата ц на споредливоста бидејќи одразуваат на кој начин независните страни постапувале во едно економско опкружување што е исто со економското опкружување на контролираната трансакција на даночниот обврзник. Меѓутоа, достапноста до информации за истовремени неконтролирани трансакции во практиката може да биде ограничена, зависно од времето на нивно собирање. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ