OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 148

146 – ПОГЛАВЈЕ III: АНАЛИЗА НА СПОРЕДЛИВОСТА пондерирани просеци и слично, зависно од конкретните карактеристики на серијата на податоци), а со цел да се минимизира ризикот од појава на грешка поради другите недостатоци од аспект на споредливоста кои не се познати или не можат да се квантифицираат. A.7.3 Екстремни резултати: аспекти поврзани со споредливоста 3.63 Екстремните резултати можат да се состојат од загуби или од невообичаено високи нивоа на добивка. Екстремните резултати можат да влијаат врз финансиските показатели кои се предмет на анализа во рамките на избраниот метод (на пример, бруто-маржата при примена на методот на трговски цени или показателот за нето-добивка при примената на методот на трансакциска нето-маржа). Овие резултати можат да влијаат и врз други ставки, на пример, врз исклучителни ставки кои се наоѓаат под линијата, но можно е да одразуваат исклучителни околности. Кога една или повеќе потенцијално споредливи трансакции бележат екстремни резултати, потребно е натамошно истражување за да се откријат причините за ваквите екстремни резултати. Причина може да биде одреден недостаток во однос на споредливоста или исклучителни услови кои настанале кај инаку споредлива трета страна. Одреден екстремен резултат може да се исклучи врз основа на фактот дека е откриен значаен недостаток во однос на споредливоста кој бил претходно превиден, а не исклучиво врз основа на констатацијата дека резултатите што произлегуваат од предложената споредлива трансакција се чини дека се многу поразлични од резултатите што се предмет на опсервација кај другите предложени споредливи трансакции. 3.64 Едно независно друштво не би продолжило да врши активности кои генерираат загуби, освен доколку реално нема очекувања за некои идни добивки. Да се погледне параграф 1.70 до 1.72. Не се очекува особено едноставните функции или функциите со ниско ниво на ризик да генерираат загуби во текот на подолг временски период. Но, ова не значи дека трансакциите кои генерираат загуба не можат да бидат споредливи. Општо земено, треба да се користат сите релевантни информации, при што не треба да постои правило кое преовладува во врска со вклучувањето или со исклучувањето споредливи трансакции кои генерираат загуби. Всушност, самите факти и околности на конкретното B