OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 146

144 – ПОГЛАВЈЕ III: АНАЛИЗА НА СПОРЕДЛИВОСТА е најверодостоен како вредност за да се утврди дали условите на самата трансакција се во согласност со принципот „дофат на рака”. Меѓутоа, бидејќи примената на трансферни цени не е егзактна наука, постојат ситуации кога примената на најсоодветниот метод или методи создава одреден опсег вредности, каде што сите тие се релативно подеднакво веродостојни. Во овие случаи, разликите во вредностите што го сочинуваат опсегот настануваат бидејќи примената на принципот „дофат на рака“ создава само апроксимација на условите што би биле утврдени меѓу независни претпријатија. Можно е различните вредности во опсегот да го одразуваат фактот дека независните претпријатија вклучени во споредливи трансакции во споредливи околности, можеби нема да ја утврдат истата цена за трансакцијата. 3.56 Во некои случаи, сите анализирани споредливи трансакции немаат релативно еднакво ниво на споредливост. Онаму каде што е можно кај одредени неконтролирани трансакции да се утврди пониско ниво на споредливост, таквите трансакции треба да се елиминираат. 3.57 Иако се настојува да се исклучат вредностите односно трансакциите со понизок степен на споредливост, може да се случи да се добие опсег на вре