OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 144

142 – ПОГЛАВЈЕ III: АНАЛИЗА НА СПОРЕДЛИВОСТА A.6.1 Различни видови приспособувања за постигнување на споредливост 3.48 Во примерите за приспособувања за постигнување споредливост спаѓаат: приспособувања што се вршат заради сметководствена конзистентност, чија цел е да се елиминираат разликите што можат да настанат како последица од различни сметководствени практики меѓу контролираните и неконтролираните трансакции; сегментирањето на финансиските податоци со цел да се елиминираат значајни неспоредливи трансакции; приспособувања заради разликите во капиталот, функциите, средствата, ризиците. 3.49 Пример за приспособување на обртен капитал кое се прави за да се одразат различните нивоа на побарувања од купувачи, обврски спрема добавувачи и на залихи, е содржан во Анексот кон Поглавје III. Фактот дека вакви приспособувања постојат во практиката, не значи дека истите треба рутински или задолжително да се вршат. Место тоа, треба да се докаже очекуваното подобрувањето на споредливоста кога се предлагаат ваквите видови приспособувања (како и за кој било друг вид приспособување). Освен тоа, значително различното ниво на релативен обртен капитал меѓу контролираната и неконтролираната страна, може да резултира со натамошно истражување на карактеристиките на потенцијалната споредлива трансакција од аспект на споредливоста. A.6.2 Целта на приспособувања за постигнување на споредливост 3.50 Приспособувања заради постигнување споредливост треба да се спроведуваат само доколку се очекува тие да ја подобрат веродостојноста на резултатите. Во релевантните аспекти во оваа смисла спаѓаат материјалноста на разликата заради која се спроведува приспособување, квалитетот на податоците што се предмет на приспособување, целта на приспособувањата и веродостојноста на пристапот што се користи за извршување на самото приспособувањето. 3.51 Треба да се нагласи дека приспособувања заради постигнување на споредливост се соодветен избор само доколку станува збор за разлики кои имаат материјален ефект врз самата споредба. Неизбежно ќе постојат неколку разлики меѓу контролираните трансакции на даночниот обврзник и споредливите трансакции од трети страни. И покрај некоригираните разлики, ќе биде прифатливо да се направи споредба под услов тие разлики да немаат материјален ефект врз веродостојноста на споредбата. Од друга страна, потребата да се извршат бројни или значителни приспособувања ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ