OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 143

ПОГЛАВЈЕ III: АНАЛИЗА НА СПОРЕДЛИВОСТА – 141 инаку можеби и нема да се најдат доколку се следи исклучиво дедуктивен пристап, на пример, бидејќи се класифицирани под друга шифра на дејност. Во такви случаи, „адитивниот“ пристап дејствува како алатка со која се дополнува пребарувањето што се темели врз „дедуктивен“ пристап. 3.46 Процесот низ кој се идентификуваат потенцијалните споредливи трансакции е еден од најбитните аспекти од анализата на споредливоста и истиот треба да биде транспарентен, систематски и да може да се провери. Поконкретно, одлуката кои критериуми за селектирање ќе се користат значајно влијае врз исходот од анализата и треба да ги одразува најбитните економски карактеристики на споредуваните трансакции. Целосното елиминирање на субјективното расудување при селектирањето на споредливи трансакции не е изводливо, меѓутоа може многу да се стори за да се зголеми објективноста и за да се обезбеди транспарентност при примената на субјективните расудувања. Обезбедувањето транспарентност на процесот може да зависи од степенот до кој критериумите што се користат за избор на потенцијални споредливи трансакции можат да се обелоденат и можат да се објаснат причините поради кои некои потенцијални споредливи трансакции се изземени. Зголемувањето на објективноста и обезбедувањето транспарентност на процесот можат да зависат и од степенот до кој лицето што го анализира процесот (даночниот обврзник или даночната администрација) има пристап до информациите во врска со процесот што се следи и до истите извори на податоци. Прашањата во делот на документирањето на процесот на идентификување споредливи податоци се предмет на дискусија во Поглавје V. A.6 Приспособувања за постигнување на споредливост 3.47 Потребата да се приспособат споредливите трансакции и барањето во однос на прецизноста и на веродостојноста, во неколку наврати се спомнуваат во овие Насоки, во делот на општата примена на принципот „дофат на рака“ и во контекст на секој метод одделно. Како F#F B