OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 141

ПОГЛАВЈЕ III: АНАЛИЗА НА СПОРЕДЛИВОСТА – 139 дава фокусирани резултати - сите трансакции содржани во анализата ги вршат добро познати учесници на пазарот на даночниот обврзник. Како што беше претходно наведено, за да се обезбеди доволно ниво на објективност, важно е процесот кој се применува да биде транспарентен, систематски и да може да се провери. „Адитивниот“ пристап може да се користи како единствен пристап кога лицето што го врши пребарувањето поседува сознанија за неколку трети страни кои се занимаваат со трансакции што се споредливи со анализираната контролирана трансакција. Треба да се напомене дека „адитивниот“ пристап е сличен со пристапот што се следи кога се идентификуваат интерни споредливи трансакции. Во практиката, „адитивниот“ пристап може да опфа