OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 140

138 – ПОГЛАВЈЕ III: АНАЛИЗА НА СПОРЕДЛИВОСТА A.4.5 Ограничувања кај достапните споредливи податоци 3.38 Идентификувањето потенцијални споредливи податоци мора да се врши со цел да се изнајдат најверодостојни податоци, имајќи предвид дека тие нема секогаш да бидат совршени. На пример, постои можност на одредени пазари и во одредени индустрии да има многу малку независни трансакции. Можеби ќе треба да се најде прагматично решение за секој случај одделно, како што е проширување на пребарувањето и користење информации во врска со неконтролираните трансакции што се одвиваат во истата индустрија и на споредлив географски пазар, но што ги вршат трети страни кои можеби имаат различни деловни стратегии, деловни модели или други незначително поинакви економски состојби; потоа, информации во врска со неконтролираните трансакции што се одвиваат во истата гранка односно индустрија, но на други географски пазари; или, информации во врска со неконтролираните трансакции што се одвиваат на ист географски пазар, но во други гранки. Која од овие опции ќе се одбере, зависи од фактите и од околностите на конкретниот случај, а особено од значајноста на очекуваните ефекти врз веродостојноста на анализата од недостатоците кај споредливоста. 3.39 Методот за поделба на трансакциска добивка во соодветни околности може да се земе предвид и без постоење на споредливи податоци, на пример, доколку споредливи податоци не постојат поради тоа што секоја од страните во трансакцијата учествува со вредно, уникатно нематеријално средство (да се погледне параграф 2.109). Но, дури и во случаите каде што нема доволно споредливи податоци и истите не се совршени, изборот на соодветниот метод за трансферни цени треба да е конзистентен со функционалната анализа на страните во трансакцијата (да се погледне параграф 2.2). A.5 Селектирање или отфрлање на потенцијалните споредливи трансакции 3.40 Во основа, постојат два начина на кои може да се изврши иденти­ фикување на потенцијално споредливите трансакции на трети страни. 3.41 Со спроведување на првиот начин, кој може да се нарече дополни­ телен односно „адитивен“ пристап, лицето што го врши преба­ у­ ањето р в изготвува листа со трети страни за кои се смета дека вршат потенцијално споредливи трансакции. Потоа, се обезбедуваат информации за трансакциите што ги вршат овие трети страни за да се потврди дали истите се во суштина прифатливи споредливи трансакции, врз основа на претходно утврдени критериуми на споредливост. Овој пристап секако ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ