OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 139

ПОГЛАВЈЕ III: АНАЛИЗА НА СПОРЕДЛИВОСТА – 137 A.4.3.3 Информации кои не се обелоденети на даночните обврзници 3.36 Можно е даночната администрација да има на располагање инфор­ ации од спроведените контроли врз други даночни обврзници м или од други извори на информации, а кои не смеат да му бидат обелоденети на даночниот обврзник. Меѓутоа, не би било праведно да се примени метод за трансферни цени врз основа на вакви податоци, освен доколку на даночната администрација не ù е дозволено тие податоци да му ги обелодени на даночниот обврзник во границите на своите домашни правила за заштита на податоците, со што би се овозможило да ја брани својата позиција како и обезбедување на фактичка правна контрола од страна на судовите. A.4.4 Примена на податоци од трети страни кои не се вклучени со трансакциите 3.37 Фокусираноста врз трансакции на методите за примена на трансферните цени и прашањето за можно агрегирање на контролираните трансакции на даночниот обврзник се предмет на дискусија во параграф 3.9 до 3.12. Друго прашање е дали податоците од трети страни што не се поврзани со трансакциите можат да понудат веродостојна основа за споредба за контролираните трансакции на даночниот обврзник (или за група трансакции агрегирани во согласност со насоките од параграф 3.9 до 3.12). Во практиката, достапни податоци за трети страни најчесто претставуваат агрегираните податоци на ниво на целокупното друштво или на ниво на сегмент, зависно од важечките сметководствени стандарди. Дали овие податоци од трети страни што не се однесуваат на конкретни трансакции можат да понудат веродостојна споредлива основа за контролираната трансакција на даночниот обврзник или за неговата група трансакции агрегирани во согласност со насоките од параграф 3.9 до 3.12, конкретно зависи од тоа дали третата страна спроведува одреден опсег на суштински различни трансакции. Онаму каде што се достапни сегментирани податоци, истите можат да понудат подобра основа за споредба одошто податоците на ниво на целото друштво кои не се сегментирани поради поголемиот фокус врз посебни трансакции, иако сегментираните податоци можат да отворат прашања во однос на алокацијата на трошоците до различните сегменти. Слично на тоа, податоците за трети страни на ниво на целото друштво можат да понудат подобра основа за споредба одошто сегментираните податоци од трети страни во одредени околности, како на пример кога активностите поврзани со споредливите трансакции кореспондираат со серијата контролирани трансакции на даночниот обврзник. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ