OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 138
136 – ПОГЛАВЈЕ III: АНАЛИЗА НА СПОРЕДЛИВОСТА
проблем, пребарувањето низ базите на податоци може да се дополни со
примена на други јавно достапни информации, зависно од конкретните
факти и околности. Ова дополнување на пребарувањето низ базите на
податоци со примена на други извори на информации има за цел да му даде
предност на квалитетот над стандардизираните пристапи и се однесува за
пребарувањата низ бази на податоци што ги вршат даночните обврзници/
советници и даночните администрации. Ова дополнување треба да се
сфати во контекст на дискусијата за трошоците и товарот за усогласување
со законските барања кои му се наметнуваат на даночниот обврзник (во
параграф 3.80 до 3.83).
3.34 Постојат и „приватни“ бази на податоци што ги развиваат и
ги водат одредени советодавни фирми. Покрај претходно покренатите
прашања за комерцијалните бази на податоци кои се пошироко
комерцијализирани, „приватните“ бази на податоци дополнително
предизвикуваат загриженост во однос на нивниот опфат на податоците
доколку се темелат врз дел од пазарот кој е поограничен од делот на пазарот
врз кој се темелат комерцијалните бази на податоци. Доколку даночниот
обврзник искористил конкретна „приватна“ база на податоци како
поткрепа за своите трансферни цени, даночната администрација може да
побара пристап до таа база на податоци за да ги анализира резултатите
што ги извел даночниот обврзник, од очигледни причини поврзани со
транспарентноста.
A.4.3.2 Надворешни извори или странски споредливи
трансакции
3.35 Даночните обврзници не секогаш вршат пребарувања за
споредливи податоци за секоја земја поединечно, како на пример, во
случаите кога на национално ниво нема доволно достапни податоци и/
или со цел да се намалат трошоците за усогласување со законските барања
кога повеќе претпријатија од ГМНП имаат споредливи функционални
анализи. Странските споредливи податоци не треба автоматски да се
отфрлаат само бидејќи не се домашни податоци. Веродостојноста на +FFFB