OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 137

ПОГЛАВЈЕ III: АНАЛИЗА НА СПОРЕДЛИВОСТА – 135 за пребарувања и за статистички анализи. Комерцијалните бази на податоци можат да бидат практичен, а понекогаш и економичен начин за идентификување на екстерни споредливи трансакции и можат да претставуваат најверодостоен извор на информации, во зависност од фактите и од околностите на конкретниот случај. 3.31 Често се наидува на неколку ограничувања кога станува збор за комерцијалните бази на податоци. Бидејќи базите се потпираат врз јавно достапни информации, не се достапни во сите земји бидејќи земјите не поседуваат ист обем на јавно достапни информации во врска со нивните друштва. Освен тоа, кога овие комерцијални бази на податоци се достапни, не содржат ист вид информации за сите друштва кои работат во конкретна земја, бидејќи е можно барањата во однос на објавувањето и на доставувањето на информации да се разликуваат, зависно од правната форма на друштвото и од тоа дали тоа друштво котира на берза или не. Мора многу да се внимава во однос на тоа дали и како ќе се користат овие бази на податоци, со оглед на фактот дека истите се создаваат и се објавуваат за други потреби, а не за потребите на определување на трансферните цени. Комерцијалните бази на податоци не содржат секогаш информации што се доволно детални да послужат како поткрепа за примената на избраниот метод на трансферни цени. Базите на податоци немаат исто ниво на деталност и не можат сите да се користат со B