OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 134

132 – ПОГЛАВЈЕ III: АНАЛИЗА НА СПОРЕДЛИВОСТА докаже соодветноста на методот на поделба на трансакциска добивка, како и финансиските информации (утврдувањето на комбинираната добивка што треба да се подели и поделбата на самата добивка се зависни од финансиските информации кои се однесуваат на сите страни вклучени во трансакцијата, вклучително и на странското поврзано претпријатие). Следствено на тоа, онаму каде што во согласност со околностите на конкретниот случај најсоодветен метод за примена на трансферните цени е методот на поделба на трансакциска добивка, би било реално да се очекува од даночните обврзници да бидат подготвени да достават неопходни информации до даночните администрации за странското поврзано претпријатие кое учествува во трансакцијата, вклучувајќи ги и финансиските податоци кои се неопходни за пресметка на поделбата на добивката. 3.22 Онаму каде што во согласност со насоките од параграф 2.1 до 2.11и околностите на конкретниот случај, најсоодветен метод за примена на трансферните цени е едностран метод, покрај информациите што се наведуваат во параграф 3.20 потребни се и финансиски информации за тестираната страна - без оглед на тоа дали тестираната страна е домашно или странско претпријатие. Значи, доколку најсоодветен е методот на цена на чинење зголемена за вообичаена заработувачка, методот на трговски цени или методот на трансакциска нето-маржа, а тестираната страна е странски субјект, потребно е на располагање да постојат доволен обем финансиски информации за да може избраниот метод со сигурност да се примени врз странската тестирана страна и да се овозможи увид на примената на методот врз тестираната страна во странство од страна на даночната администрација на земјата во која се наоѓа нетестираната страна. Од друга страна, откако одреден едностран метод ќе се избере како најсоодветен метод, а тестираната страна е домашен даночен обврзник, даночната администрација вообичаено нема причина да бара дополнителни финансиски податоци од странското поврзано претпријатие. 3.23 Како што беше претходно спомнато, анализата во делот на транс­ ферните цени ја наметнува потребата од расположливи информации и во врска со странските поврзани претпри FcB