OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 132

130 – ПОГЛАВЈЕ III: АНАЛИЗА НА СПОРЕДЛИВОСТА 3.16 Може да биде неопходно трансакциите да се оценуваат посебно една од друга за да се утврди дали истите се во согласност со принципот „дофат на рака“. Доколку трансакциите се анализираат заедно, треба да се внимава при изборот на споредливи трансакции и мора да се има предвид дискусијата од параграф 3.9 до 3.12. Можно е условите на пребивањата што се однесуваат на меѓународни трансакции меѓу поврзаните претпријатија да не се целосно конзистентни со условите што се однесуваат на исклучиво домашни трансакции меѓу независни претпријатија заради разликите во даночниот третман на самото пребивање во рамките на различни национални даночни системи или заради разликите во третманот на плаќањата реализирани во согласност со одредена билатерална даночна спогодба. На пример, задржаниот данок би го комплицирал пребивањето на надоместокот за авторски права со приливите од продажба. 3.17 Можно е даночниот обврзник, во текот на одредена даночна кон F FB